АктуелноЛокално

Левица поддржува јавна расправа за безбедност на сообраќајот

Пратеничката група на Левица на денешната собраниска комисија го поддржа барањето за јавна расправа за безбедност во сообраќајот. Дополнително, ја информираме јавноста дека пратеничката група на Левица оваа недела ќе поднесе предлог-закон за воведување КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ за судиите.

Актуелните законски прописи оставаат простор за манипулација и донесување различни судски одлуки за сообраќајните несреќи кои завршувале со одземање на човечки животи.

Стоиме на ставот дека е неопходно не само последниот случај, туку и бројни претходни случаи кои не се расчистени или во кои правдата не е ни малку задоволена, да бидат ставени под лупа на јавноста и експертите. На овој начин ќе се лоцираат системските пропусти кои дозволуваат скандалозни судски пресуди за сообраќајни несреќи со смртни последици, кои завршуваат само со условни пресуди, соопштија од партијата.