Апасиев: Ако судиите имат ограничен мандат и кривична одговорност за пресудите нема така да се суди
- Фејсбук статус на Димитар Апасиев – Претседател на Левица
Една од причините за внатрешната пропаст на Византија, меѓу другото, е и фамозното слободно судско уверување кое е непресушен извор на корупција.
Кога на ова ќе го додадете и трајниот судски маднат, вие добивате привилегирана каста која е недопирлива и не ја фаќа закон (не можете да ја тужите и не одговара за ништо)!
Она што ни треба како општество е воведување ограничен судиски мандат (од девет години, по примерот на уставните судии) + враќање на југословенскиот модел за КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ на судиите во случаи на непримена, изигрување или злоупотреба на законите (in fraudem legis).
И да знаете дека ова ќе биде предложено од нашата пратеничка група во блиска иднина, преку рогација на Кривичниот законик. Оваа судиска неодговорност на корумпираните еднаш ќе мора да запре!