АктуелноЛокално

(Видео) Левица поднесе Предлог-закон за укинување на двојазичните декларации на производите

Прес-конференција на пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, по однос на поднесениот Предлог-закон за измена на Законот за потрошувачи со којшто пратеничката група на Левица предлага укинување на двојазичните декларации на производите:

Законот има за цел и да ја исправи неправдата наметната врз македонските производители и потрошувачи кои со години трпат административни и финансиски товари наметнати од клиенталистичките политики на режимските партии. Со овој Закон бараме укинување на обврската за задолжителна двојазична декларација на производите и наместо тоа, трговците ќе имаат обврска само на македонски јазик и неговото кирилско писмо да ги доставуваат информациите за производите, а можноста за користење на други јазици е нивно дискреционо право.

Зошто е ова неопходно? Затоа што ова законско решение, пред сѐ, наметнува дополнителни трошоци на малите и средните трговци кои се соочуваат со економска криза. Оваа бирократска заврзлама директно ги става во неповолна положба македонските производители, особено оние кои произведуваат за извоз и за региони во кои не е потребна двојазична декларација.

Очекуваните ефекти се:

  • Да се заштити македонскиот јазик како единствен службен јазик во целата држава, со цел општа комуникација за сите граѓани во Република Македонија;
  • Намалување на трошоците за производителите и трговците и
  • Олеснување на административните процедури со избегнување на дополнителните обврски наметнати во време на економска криза.

На кого би му пречело ова решение?

Очекуваме жестоки напади од режимските партии и партиите на естаблишментот кои ја користат јазичната сегрегација за поделба на политичкиот плен и деинтеграција на сврзните ткива на нашето општество. Но, сепак, очекуваме поддршка, бидејќи сите овие ефекти произлегуваат од противуставен закон чии ефекти треба веќе да се анулираат, изјавија од партијата.