АктуелноЛокално

Драма во Собранието: Илире Даути конечно поднесе оставка, а Гаши не ѝ даде да ја образложи оставката од собраниската говорница

Пратеничката Илире Даути не ја напушта собраниската говорница со образложение дека сака да ја обрзаложи оставката од претседателка на Комисијата за социјална политика по изгласаната интерпелација, која утрово ја доставола до Собранието и го обвини претседателот на Парламентот Африм Гаши дека на сила ја држат на функцијата зашто на почетокот на седницата не ја констатирал оставката.

-Не знам поради кои причини вие Африм Гаши на почеток на седница не го констиравте моето разрешување оти утрово доставив неотповиклива оставка и барам 15 минути да ја образложам оставката- рече Даути во процедурално обраќање.

Гаши одговори дека дописот за оставката го добил пред седницата и дека на следната седница ќе ја констатира и таа ќе може да се обрати пред пратениците.

Во собраниската сала настана мешаница бидејќи Даути не отстапува од барањето сега да ја образложи оставката, додека пратеници од ВМРО-ДПМНЕ довикуваа дека го прекршува Деловникот.

– Вие требаше да констаирате на ова седница, не ја напуштам говорницата- рече Даути.

Гаши одговори дека сега се утврдува дневниот ред на актуелната седница и дека Даути не доставила предлог за дополнување на дневниот ред. Тој остана на ставот дека на следната седница на 21 јануари ќе биде констатирана нејзината оставка.

-Не можеш на сила да ме држиш Гаши,не можеш ни ти Мицевски, бездруго тука ќе се слушне мојот глас за лошиот акт кој го направивте, срам да ви е. Баравте мое разрешување и не може на сила да ме држите. Јас не сум ни ваша ни на Апасиев ни на Мицевски, ни на Гаши. Барам да ја образложам оставката – рече Даути а на Мицевски му дофрли дека него никој не го прашува и дека сега неа и е редот да зборува.

Според неа, ваквото однесување на власта ја покажува демократијата во Македонија и дека колегите пратеници сами се прават судии.

Откако пред собранискиот пулт излегоа повеќе пратеници Гаши објави пауза за да се договорат како ќе продолжат.