АктуелноИнтернационално

Кина ја добива битката со климатските промени девет години порано од планираното

Кина е на добар пат да ги исполни своите зададени цели во борбата против климатските промени девет години порано од планираното според Парискиот договор. Кина се смета за најголемиот загадувач во светот, или четвртина од глобалните емисии. Оттука, Кина игра голема улога во борбата против глобалното затоплување.

Најнова анализа покажува дека помеѓу 2021 и 2025, емисиите на јаглерод диоксид во Кина ќе го достигнат својот максимум од 13 до 16 гигатони. Според истражувачите, ова е огромен придонес во исполнувањето на целите од Парискиот договор за ограничување на растот на температурите на 2°C. Официјалната цел е ова ограничување да се достигне до 2030.

Според Хаикун Ванг од Нанџинг Универзитетот, ова достигнувањe ги отсликува напорите на Кина за намалување на климатските промени. Неговиот американско-кинески тим ги пресметал предвидените датуми анализирајќи ги историските јаглеродни емисии и БДП податоците од 50 кинески градови од 2000 до 2016 година. Тимот открил дека емиисиите го достигнуваат максимумот од 10.2 тони јаглерод диоксид од човек кога БДП-то достигнува 21.000 долари од човек.

Градовите се одговорни за 35 проценти од вкупните емисии во Кина, од каде истражувачите ја имаат извлечено националната слика, понатака проектирајќи го нивниот максимум. Доколку Кина успее да ги достигне интернационалните цели порано од планираното тоа ќе биде огромна поддршка за борбата против климатските промени во ОН. Според Парискиот договор, државите наредна година треба да достават ревизирани и подобрени цели за емисии.

Можноста за порано достигнување на целите е водена од променливата природа на кинеската економија, промена која ќе продолжи и понатака. Според Николас Стерн од Лондонското училиште за економија, пренасочувањето на Кина кон високи технологии и сервисна економија ќе покаже дека пренасочување кон економија со ниски јаглеродни емисии во комбинација со цврст и одржлив развој ќе може взаемно да се поддржуваат во пазарите во развој.

Хаикун и колегите сепак откриваат дека ги немаат анализирано помалите градови, кои имаат потенцијал да продолжат да се развиваат и со тоа вистинските емисии може да бидат повисоки. Американската невладина „World Resources Institute” исто така открива дека иако повеќе држави го достигнуваат врвот на емисии – 57 до 2030, од 19 во 1990 – сепак тоа нема да биде доволно за да се ограничат глобалните емисии во наредните неколку години.


Оригинален извор: New Scientist
Превод: Мартин Јовчески