Кина ги растури САД во глобалната технолошка трка – „DeepSeek“ е само капка во морето
Кина ги растури САД во технолошката трка, а последните случивања со „DeepSeek“ кој избриша над трилион долари капитализација од технолошките гиганти од САД на берзите во Њујорк за само неколку часа е само капка во морето. Еве што треба да знаеме:
Кина далеку ги надминува САД во трката за поврзување 5G. Ова е огромна работа, бидејќи мобилниот широкопојасен интернет е технологија која овозможува четвртата индустриска револуција, исто како што железниците ја овозможија првата индустриска револуција
Побрзи податоци = Поголема продуктивност
Кина исто така води во светот по автоматизација, инсталирајќи седум пати повеќе индустриски роботи од САД. Кина е веќе индустриска моќ во светот. Подгответе се поради тоа да направи квантен скок на продуктивноста во производството, транспортот и логистиката.
Кина, исто така, се чини дека ги претекнува САД во вселенската трка. Кина неодамна постигна пробив на брзина на комуникација од сателит преку ласер до земјата од 100 Gpbs. Ова може да овозможи идни откритија во навигацијата, 6G интернетот, апликациите за далечинско набљудување итн.
Кина е исто така неприкосновена во глобално производство и технологија за комерцијални дронови. Беспилотните летала можат да помогнат да се подобри продуктивноста на секторите како што се земјоделството и инфраструктурата. Но, како што покажува Украина, тие се исто така суштински за војувањето во 21 век.
Дроновите не се единствената суштинска воена технологија каде Кина ги победи САД. Кина ги надмина САД во развојот на борбени авиони и хиперсонични ракети од шестата генерација. Лоши вести за американските носачи на авиони во Јужното Кинеско Море.
Кина, исто така доминира во растечката индустрија за електронски возила. Во 2023 година, Кина сочинуваше 70% од глобалното производство на електрични возила. Кинескиот извоз на електрични возила се зголеми за 160 пати за само 5 години.
Кога станува збор за вештачката интелигенција, „DeepSeek“ не е аномалија. Кина е живеалиште на 47% од сите врвни истражувачи за вештачка интелигенција, додека во САД живеат само 18%. И јазот измеѓу континуирано расте од година во година!
Западот сè уште ја одржува предноста во градењето чипови. Но, Кина веќе е способна да произведува чипови од 14 nm и 7nm, повеќе од доволно за напредни оружја и технологии. И тие континуирано напредуваат и покрај огромните западни санкции.
Има прилично јасна причина зошто Кина ги победува САД во сите технолошки полиња. Кинеските компании инвестираат многу во истражување и развој. Додека пак во меѓувреме, американските компании се опседнати со цените на акциите и брзиот профит.
Ова е една од главните причини зошто еден прилично евтин модел на вештачка интелигенција како „DeepSeek“ за чиј развој се потрошиле околу 10 милиони долари ги урна берзите во САД и избриша над трилион долари маркет капитализација за само неколку часа.
Како споредба за развој на сличниот модел на вештачка интелигенција во САД како „OpenAI“ со послаби перформанси од „DeepSeek“ се потрошени повеќе десетици милијарди долари.