АктуелноЛокално

Попусто попуст: Граѓаните повикуваат на бојкот на маркетите поради прескапите цени

После успешниот бојкотот на маркетите поради превисоки цени низ државите на поранешна Југославија како Хрватска и Босна и кај нас се појавија исти повици на бојкот по социјалните мрежи. Граѓаните ги повикуваат луѓето да не пазарат во големите маркети во петок 31.01.2025 поради несогласување со екстремно високите цени во маркетите кои го цицаат ионака малиот буџет на домаќинствата.

Останува да видиме дали конечно македонската нација ќе се сплоти околу оваа идеа за бојкотот ќе биде успешен и дали ќе ги натера маркетите да ги намалат цените на производите. Бидејќи очигледно власта или не е способна или не сака да реагира и да удри по огромните профити на маркетите што го ништат скромниот буџет на просечното македонско семејство.