(Видео) Крмов: Невозможни се реформи во СДС-ДПМНЕ, тие се творци и продукт на гнилиот систем
Став на пратеникот од Левица, Борислав Крмов, околу “реформите“ во СДС:
Двете големи партии го имаат создадено овој систем од којшто Македонија се гуши веќе 32 години, едноставно е невозможно да се реформираат затоа што создавајќи го тој систем, автоматски се и продукт на самиот систем. Имињата се ирелевантни без да излезат од матрицата. За разлика од нив, Левица е создадена како реакција на овој систем – од народниот револт.
Кај нас има неколку клучни моменти коишто ги нема во другите партии, на пример, ние не зависиме од бизнис интереси. Кај нас функционерите немаат бизнис и тоа така ќе остане, додека пак, во другите партии има функционери-милионери. Сѐ додека е тоа така во Левица, функционерите ќе мислат само на државата, а не на личниот бизнис. Имаме нула толеранција на корупција, немаме криминали, немаме кривични и со тоа не можеме да бидеме уценети ниту од ‘странците’.
Единствена партија позиционирана да го смени системот од корен е Левица.