Советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно не гласаа за набавка на нови еко-автобуси
Денес, на 56 – та седница на Советот на Град Скопје каде повторно на дневен ред е точката за набавка на нови 250 еко автобуси.
Оваа точка повторно не доби поддршка од советниците на ДПМНЕ кои што се мнозинство во Советот на Град Скопје, па така скопјани ќе треба да причекаат за стабилизирање на колабираниот градски јавен превоз.
Од Левица потсетија дека набавка на нови еко автобуси и бесплатен превоз за сите беше предизборно ветување на “Коалицијата за Модерно Скопје” предводена од ДПМНЕ и нивниот кандидат за градоначалник Данела Арсовска и истото не се реализира единствено поради нивната меѓусебна војна на суети.
Поради политички препукувања и лечењето на трауми од детството на одредени политичари од централната и локалната власт, скопјани се оставени во сообраќаен хаос, затрупани во ѓубре и без ни малку чист воздух.