АктуелноЛокално

Левица-Велес: Ниту една исплатена месечна кирија од закупецот на градскиот базен-Колев “неинформиран”

  • Реакција на ЛО Левица-Велес

На 26 април 2023 година Општина Велес односно Градоначалникот Марко Колев склучија договор за закуп на градскиот базен во времетраење од 10 години.

До нас пристигнаа информации дека во работењето на градкиот базен во изминатите 2 сезони имало повеќе нерегуларности, но најбитно е дека управителот на базенот немал платено ниту една месечна кирија.

Според договорот за закуп на базенот каде во член 11 е наведено според кои услови договорот може да се раскине, меѓу кои е наведено дека доколку не се почитува рокот на плаќање на закупнината или нема подмирено 2 последователни закупнини.

На последната седница на советот на Општина Велес советникот Димитар Абрашев постави советничко прашање до Колев зошто го толерира ова, зошто дозволил управителот да стопанисува со базенот и втора сезона кога нема подмирено ниту една месечна закупнина, зошто не сте го раскинале договорот?

На овие прашања Колев даде одговор дека немал информации, доколку е така договорот ќе биде раскинат.

Не веруваме дека Колев немал информации, но и доколку е така тоа е недозволиво!

Сметаме дека со ова е оштетена општината и бараме итно раскинување на договорот со цел да има доволно време да се избере нов закупец, а со тоа не би се довело во прашање работата на базенот во наредната летна сезона!