АктуелноИнтернационално

Археолозите пронајдоа гробница стара 2.000 години во Петра каде што се снимаше „Индијана Џонс: Последната крстоносна војна“

Археолозите открија гробница стара 2.000 години во која има 12 скелети под „ризницата“ во античкиот град Петра во Јордан.

На арапски, Ризницата е позната како „Ал-Казнех“, што во превод значи „ризница на фараонот“. Точната цел на Ризницата е нејасна, но можеби билa мавзолеј на набатејскиот крал Аретас IV Филопатрис. Љубителите на филмот можеби го паметат како местото каде што е пронајден „Светиот грал“ – чашата што се вели дека Исус ја користел за време на Тајната вечера – во филмот Археолозите пронајдоа гробница стара 2.000 години во Петра каде што се снимаше „Индијана Џонс: Последната крстоносна војна“ од 1989 година.

При ископувањето на гробницата, археолозите неодамна откопаа остатоци од керамика што беше закопана заедно со поединците. Тие откриле дека еден од скелетите држи керамички сад кој личи на чашка, се вели во соопштението на Универзитетот Сент Ендрус во Шкотска.

Седиментите и материјалите од погребувањата датираат некаде помеѓу средината на првиот век п.н.е. и почетокот на вториот век од нашата ера, според анализата на Тим Кинерд, истражувач на Факултетот за науки за Земјата и животната средина на Универзитетот во Сент Ендрјус.

Гробницата била откриена за време на работата со далечинско набљудување, извршена од Ричард Бејтс, геофизичар од Универзитетот во Сент Ендрјус.

„Откритието е од меѓународно значење бидејќи многу малку комплетни погребувања од раните Набатејци некогаш биле пронајдени од Петра“, се вели во изјавата на Бејтс. „Може да се очекува дека наодите ќе помогнат да се пополнат празнините на нашето знаење за тоа како настанала Петра и кои биле [Набатејците]“.

Набатејците живееле во јужен Јордан пред околу 2.000 години  кои патувале низ нивното кралство и Петра станал главен град со архитектура што го одзема здивот. Римјаните ја презеле контролата над кралството во текот на вториот век од нашата ера.

Кога беа откриени остатоците од гробница, беше изготвен план за ископување од страна на Одделот за антиквитети на Јордан и Американскиот центар за ориентални истражувања. Дискавери канал, исто така, го поддржа ископувањето и продуцираше документарен филм за тоа, кој неодамна се емитуваше во ТВ серијата „Непознато ископување“.