Актуелно

Исамил: Анкетите за поддршка кон ЕУ и НАТО не испитуваат туку креираат мислење

Излагање на Пратеникот од Левица – Реџеп Исмаил – Хактан на Комисијата за одбрана и безбедност:

„Некритични сте и не ги спомнувате штетите кои Република Македонија и нејзиното население ги трпи. Оттука сметам дека анкетата е нерепрезантивна и има цел да направи пропаганда! Односно, не да измери мислење, туку да влијае на мислењето, да оформи мислење.

Тоа се гледа и по резултатите, дека после дебатата, позитивните гледишта по однос на политиките на овие две меѓународни институции (ЕУ и НАТО), се во пораст. Тоа се гледа и од вашиот ‘вординг’ каде користите агресија, а не неутрален термин, како конфликт во Украина.“