АктуелноЛокално

Левица: Повратокот на ДДВ е понижувачки и ги злоупотребува најсиромашните граѓани

Политичката партија Левица остро реагираше на новата мерка на Владата, потенцирајќи дека повратокот на ДДВ е понижувачки и дека ги „вработува“ сиромашните граѓани во борбата против сивата економија, злоупотребувајќи ја нивната економски подередена позиција во општеството.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на партијата.


Повратокот на ДДВ е понижувачки и ги злоупотребува најсиромашните граѓани

Што значи повратокот на 15% од ДДВ? Колкава сума ќе добијат назад граѓаните? Лимитот на месечниот трошок на еден граѓанин е, во општ случај, неговата плата, доколку се занемари кредитот што истиот го зема. Максималниот повраток на месечно ниво кој може да го добие една текстилна работничка која заработува 12000 денари, од кои на својот газда мора да врати на рака барем 3000 денари, изнесува околу 205 денари. Максималниот повраток што може да го добие еден работник кој прима минимална плата изнесува околу 274 денари. Максималниот повраток што може да го добие еден работник кој заработува 24000 денари месечно, или две минимални плати, изнесува околу 549 денари. Максималниот повраток кој може да го добие една фамилија која што не троши повеќе од вредноста на синдикалната кошничка изнесува околу 800 денари. Овие износи се дури и оптимистички, ако се земе во предвид дека ДДВ-то не е 18% за сите продукти и не е сигурно дека ќе има поврат на ДДВ на сите продукти. 

Евидентно станува збор за претерано ниски суми. Суми кои не можат значително да го олеснат животот на работниот народ во Македонија, но истовремено и суми кои сиромаштијата направи да не можат да се игнорират. Колкумина навистина можат да си дозволат да ги игнорираат овие суми, без разлика колку се понижувачки ниски? И зошто е потребна целата таа тортура од собирање фискални сметки и нивно скенирање, кога истиот поврат може да се оствари и гарантира со едноставно намалување на ДДВ-то?

Одговорот e едноставен: мерката НЕ е наменета за да го олесни животот на работниците. Владата, предводена од социјалдемократите, со овој понижувачки закон има генијална намера да ја „вработи“ речиси целата држава во својата борба со сивата економија, додека администрацијата паразитира и апологетски ја брани владат на социјaлните мрежи. Со поврат кој ретко за кого надминува 500 денари, Владата создаде армија на граѓани кои секогаш ќе бараат фискална сметка. За 100 евра годишно, народот ќе вика „НЕ“ на сивата економија и ќе ја води борбата на Владата и на нејзините „легитимни“ спонзори. 

Без воопшто да бидат разгледани, а уште помалку адресирани, објективните причинители на сивата економија, социјалдемократите, маскирајќи се зад својата божемна прогресивна и социјална политика, уште еднаш ја злоупотребија сиромаштијата на работниот народ за своја лична корист. Оваа власт уште еднаш се покажува како ненародна, која својот интерес го гледа во исполнување на желбите на оној 1% на населението кое што директно им ги спонзорира изборните кампањи и луксузните животи. Конечно, ваквите политики ќе ги рушат сите илузии дека оваа власт е на било каков начин поинаква од претходната.

Без воопшто да бидат разгледани, а уште помалку адресирани, објективните причинители на сивата економија,…

Публикувахте от Левица / E majta / Levica в Вторник, 2 юли 2019 г.