Левица: Патриотизмот на Максим само пред бугарските телевизии

Споменикот на локалитетот „Менкова колиба“, збирното место од каде тргнал Карадачкиот партизански одред, и спомен плочата на месноста „Студена вода“, местото од каде тргнал Козјачкиот партизански одред, денес воглавно служат како места за вандализам и како депонии за ѓубре, тотално заборавени и напуштени од институциите, споменици на кои поради општата нефукционалност им се заканува и целосен заборав од колективната народна меморија!

Куманово како град-херој не смее да заборави на своето славно минато, на жртвите кои ги има дадено во борба против фашизмот и бугарскиот окупатор, на неговиот придонес во ослободувањето на земјата и на поставувањето на темелите на нашата државност!

По преземањето на власта од страна на народот, спомен обележјата од НОБ ќе бидат реставрирани во период од 6 месеци, се вели во соопштението на партијата.