АктуелноИнтернационално

Прва документирана пловидба на голем контејнер брод од класата „Панамакс“ низ северната рута од Сант Петербург до Шангај


Пловидбата со контејнер „Flying Fish 1“ низ Северното Море беше првата пловидба за бродови од типот „Панамакс“. Едноставно кажано, ова се многу големи товарни бродови.

Бродот со контејнери го поминал патувањето од Санкт Петербург до Шангај за само 21 ден со просечна брзина од 16 јазли или околу 30 км/ч. Она што го прави овој настан значаен за целиот свет е и фактот што сега е и официјално документиран – рутата низ Суецкиот канал би траела две недели подолго.

Податоците за класата на бродот, неговата локација, брзина, знаме и дестинација беа снимени сателитската група „SITRO-AIS“ и пренесени на руската клауд услуга за следење на поморскиот сообраќај „SiAIS“, развиена исто така, од „Sitronics Group“. Сега оваа клауд услуга содржи информации за 10 илјади пристаништа ширум светот и 570 илјади бродови од различни класи и дестинации. Секој сателит создаден од „СПУТНИКС“ добива по неколку милиони пораки дневно за локациите и рутите на бродовите.

Треба да се напомене дека до крајот на 2024 година групата „SITRO-AIS“ ќе биде дополнета со уште неколку десетици сателити, кои во моментов активно се подготвуваат за лансирање.