Мециновиќ: Задолжување по скратена постапка, Македонија тоне во должничко ропство
ЗАДОЛЖУВАЊЕ ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА – наместо премиерот Мицкоски да дојде во Собрание и да го образложи задолжувањето пред пратениците од 500 МИЛИОНИ ЕВРА, пратеникот Бојан Стојановски, како тоа да е мала работа, побара ад-хок дополнување на дневен ред и предложи законот да помине по скратена постапка.
Патем, нема 24 часа откако добивме известување дека таков предлог-Закон е доставен до Собранието. Вон процедура и на брза лента. Македонија тоне во должничко ропство поради домашни шверцери, напиша пратеникот од Левица на социјалните мрежи.