Еве кои пратеници на ДПМНЕ ја бришат Македонија од Законот за управна постапка
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, Благица Ласовска, Ели Панова, Дафина Стојановска и Бојан Стојановски на 04.09 поднеле Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен основ во втор степен, по скратена постапка.
Една од клучните промени во овој Закон е впрочем бришењето на името Република Македонија и замена на терминот со името Република Северна Македонија.
И да токму ова го прават најголемите лавови и лавици, патриоти од ДПМНЕ.
Извор: Инфомакс