Левица Тетово: Коалицијата ДПМНЕ-Вреди ќе преименува двесте улици во градот
- Реакција на Левица-Тетово
Коалицијата на ДПМНЕ-ВРЕДИ ќе кумува на преименување на двесте улици во градот и селата и ќе го исполни вечниот сон на постмодерниот неофашист Касами.
Советниците едногласно и по веќе познат предизборен терк и договор се согласија на овој чин.
Потсетуваме граѓаните и овојпат не беа прашани иако истите ги донесоа на власт.
Најавуваме, дека со овој чин ќе се избришат голем процент од улиците чии имиња ги носеа народните херои од НОБ.
Да потсетиме партизаните се бореа против балистите во 1945, а претходно нивните бисти од стариот плоштад никогаш не беа вратени, така ќе биде и во овој случај со преименување на улиците на херои од УЧК.
Следните локални скоро доаѓаат да не го заборавиме континуираното “гордо” омаловажување на македонскиот народ и историја!