Јанчев: Коалицијата ДПМНЕ и ДУИ повторно заедно
ДПМНЕ најави укинување на балансерот, а денес на ДУИ им основаа собраниска комисија која ќе ја врши функцијата на балансерот.
И овој договор падна кога се гласаше реорганизација на Влада и се формираа плус нови министерства.
Левица тогаш даде понуда. Понудено беше Левица да ја гласа реформата на Владата, ако реформата беше лоша, а за возврат да се гласа за воведување на една изборна единица.
Ама за ДПМНЕ тоа не беше прифатливо. ДПМНЕ отидоа гласовите да ги бараат кај ДУИ, а од таму им побараа собраниска комисија преку која ќе прават притисок за вработување во државните органи по етничка основа, односно тоа што е функцијата на балансерот.
Ама битно ДПМНЕ за време на кампањата кај ќе стигнеа трубеа дека глас за Левица е глас за ДУИ.
А знаете што е најјакото. Тоа што ДУИ не се ни присутни во Собрание. Само еден пратеник имаа во сала кога се гласаше комисијата на ДУИ.
ДПМНЕ им ја гласаш.
Македонија наша?
Македонија горда?