Вечерва 14 август, со почеток од 20:00 часот на Летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, ќе се одржи меѓународната поетска манифестација “Лирски треперења”.
Манифестацијата ќе донесе стихови од бројни македонски автори и автори учесници од соседните држави.
Ќе се чита поезија од искусни и современи поети од Штип , Струмица, Скопје, Крива Паланка и Ќустендил, надополнета со поетски изблици од надежните млади поети од Крива Паланка кои ќе понудат трепетлива лирска вечер во августовската квечерина.