Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ на состанок во Пекинг со кинеското МНР

Денес во Министерството за надворешни работи на НР Кина заедно со поранешната премиерка на Романија, Виорика Данчила, амбасадорите на Македонија, Србија и Бугарија, како и делегации на Словенија, Црна Гора и Албанија, пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ, присуствуваше на состанокот за Иницијативата за соработка помеѓу Кина со земјите од централна и источна Европа.

На состанокот се зборуваше за досегашната соработка во областа на земјоделието и можностите за продлабочување на истата.

Преку меѓусебна почит и на принципи на еднаквост помеѓу партнерите, можеме да создадеме подобар живот и посилна економија.

Развојот на Македонија е врзан за развојот на целиот регион, како и со соработката со Кина како еден од предводниците на новите светски прилики, стои во соопштението на партијата Левица.