Пациентките кои направиле скрининг мамографија за резултат чекаат и до 3 месеци
- Реакција на Левица-Велес
Пациентките кои живеат во внатрешноста на Р.Македонија се жалат дека за резултат од скрининг мамографија чекат и до 3 месеци од датмот на снимање!
На пример во ЈЗУ Општа Болница Велес се снима мамографија, но бидејќи тука нема Радиолог, резултатот за читање се препраќа во Универзитеската Клиника за Радиологија во Скопје.
Со оглед на тоа дека целта на скриниг мамографијата е рана и навремена детекција на карцином на дојка, апелираме до Минитерство за здравство побрзо решавање на овој сериозен проблем со цел пациентките кај кои ќе биде откриен карцином на дојка да можат да добијат и навремен третман.