АктуелноИнтернационално

Атентат врз Трамп на митинг во Пенсилванија, напаѓачот е убиен

На предизборниот митинг на Доналд Трамп во градот Батлер, Пенсилванија, се слушнале неколку истрели, по што тајната служба го евакуирала републиканскиот претседателски кандидат од бината.

Тајната служба објави дека Трамп е безбеден и дека на случајот работат сите служби.

Откако одекнале истрелите, Трамп со крв на лицето паднал на земја. Веднаш  бил опколен од агенти на тајната служба.

Трамп потоа бил однесен во возило и евакуиран од местото на настанот.

Инцидентот се случил неколку моменти откако тој се качил на бината на митингот.

Пукањето врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп за време на предизборен митинг во Пенсилванија се истражува како обид за убиство, соопштија полициски претставници.

Лицето осомничено дека пукало е убиено, а во инцидентот е убиено и едно лице од публиката, изјави денеска за АП окружниот обвинител на округот Батлер.

Како што изјави, освен двајцата загинати, едно лице е во критична состојба

  • Трамп проговори: Знаев дека нешто не е во ред

Доналд Трамп потврди дека бил ранет во увото и изгубил многу крв.

Трамп во изјавата рече дека „веднаш знаел дека нешто не е во ред бидејќи слушнал свирежи, истрели, а потоа почувствувал како куршум му ја пробил кожата“.

Тој им се заблагодари на американската тајна служба и на целата полиција за брзата реакција.

„Она што е најважно, сакам да изразам сочувство до семејството на загинатиот на митингот, како и до семејството на уште едно лице кое беше тешко повредено. Неверојатно е дека таков чин може да се случи кај нас. Сега, ништо не се знае за стрелецот, кој е мртов, ме погоди куршум што го прободе горниот дел од десното уво, а потоа сфатив што се случува!“, рече Трамп на социјалната мрежа.

  • „Њујорк пост“: Трамп бил застрелан од снајпер

„Њујорк пост“ објави дека за време на митингот на Трамп бил испукан снајперски истрел. Два од тие извори велат дека убиецот бил на покривот, надвор од салата каде што се одржувал состанокот. Повеќе извори за спроведување на законот го наведоа ова лице како снајперист, иако дополнителни детали се нејасни.

Дополнително, овој медиум објави дека при инцидентот биле испукани девет истрели.

  • Бајден повторно збунет: Не знае дали се случил атентатот?

Американскиот претседател Џозеф Бајден одби да признае дека имало обид за убиство на Доналд Трамп.

„Не знам доволно за да … јас … имам … имам … имам мислење, но немам никакви факти“, рече Бајден за време на специјалното обраќање што го пренесе Белата куќа, дури и кога полицијата официјално објави дека се истражува обид за атентат.