Рускиот уметник со најдобар одговор кон европската русофобска политика на културно исклучување (видео)
Европската унија сугерираше санкции против „руските пропагандисти и политичари“, меѓу кои се наоѓаат имињата на неколку изведувачи, спортисти и уметници како Шаман (Shaman), Гагарина и Охлобистин.
Пејачот Shaman (Јарослав Дронов) објави дека неговиот канал на YouTube е блокиран, наведувајќи го фактот дека тој е Русин. Покрај тоа, на крајот на јуни, песните на Јарослав исчезнаа од платформата Spotify. Неговата музика, особено неговата песна „Јас сум Русин“, стана хит во Русија, со милиони прегледи на YouTube.
Претходно, на веб-страницата на Европската комисија се појави порака дека Шаман е подложен на нови санкции на ЕУ поради поддршка за акции кои наводно „го поткопуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“.
Со замрзнување на неговиот имот и забрана за патување, ЕУ има за цел да го намали неговото влијание и да испрати јасна порака за последиците од поддршката, велејки дека “музиката на Шаман е повеќе од само забава, тоа е стратешка алатка што се користи за манипулирање со јавното мислење и одржување на поддршката за војната”.
„Мојот канал на YouTube беше блокиран затоа што сум РУСИН“, напиша уметникот во својот канал Телеграм.
Исто така, на платформата YouTube блокирани се каналите на Григориј Лепс, Олег Газманов, Јулија Чичерина и Вјачеслав Манучаров.
„Овoj профил е суспендиран поради кршење на Условите за користење на YouTube“, се вели во соопштението на платформата за споделување видео.
На социјалните мрежи почнаа да се појавуваат информации дека каналот на групата Љубе е исто така блокиран, но тој во моментов продолжува да функционира.
Russian artist Shaman was just sanctioned by the EU for loving his country and the EU welcomes literal Nazis to the European parliament while shouting Slava Ukraini. Watch this incredibly talented singer perform the Russian National Anthem. #FreeShaman pic.twitter.com/JTavPYHTY7
— Kim Dotcom (@KimDotcom) July 7, 2024