Новиот Генерален секретат на Владата беше аменстиран за случајот со набавката на автобуси

  • Фејсбук статус на Емил Чески

Игор Јанушев – Јанушот е новиот Генсек на Владата на северните мачиња. Амнестиран за криминал и корупција поврзани со набавката на кинеските автобуси Јутонг, заедно со Миле Јанакиески.

Како член на Управниот Одбор на ЈСП, одговорно тврдам дека Игор Јанушев е директно одговорен за девастирачкиот и погубен десетгодишен договор на ЈСП со Маратон со кои ги отсече стотиците илјади евра сигурен прилив во јавното претпријатие, најверојатно поради лукративни цели и некаква астрономска провизија. 123,000.00 денари од брендирање на автобус, од кои само 7,000 денари се слеваат на конто на јавното претпријатие.

И сѐ така до крајот на минатата година, кога стана симптоматично дали постои некаков анекс договор зошто Маратон сѐ уште фигурира, иако веќе не е концесионер со договор кој јас сум го добил на одобрување.

Кадарот на Мицко кој уште во време на Грујо се нафатира и материјални се стекна со 4 стана во Скопје, куќа во Охрид и солиден возен парк, сега добива нова шанса во кабинетот на Премиерот.

Веројатно и сопругата на Игор Јанушев, која е ќерка на поранешна судијка во Врховен суд ќе биде една од „независните” – предлог кандидати на дпмне за судии/јавни обвинители.