Црвена Младина: Уште едно предизборно верување неисполнето од градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски

  • Реакција на Црвена Младина – Аеродром

Поминаа повеќе од 100 дена од почетокот на мандатот на градоначалникот Муцунски, а сѐ уште нема абер од неговото предизборно ветување дека во првите 100 дена ќе отвори Канцеларија и ќе вработи Службеник за млади.

Од канцеларијата која ја најавуваше како контакт точка за сите млади лица во општината во коja тие ќе можат да се информираат за сите аспекти на живеењето во градот како и можностите кои се даваат на младите луѓе, нема ни трага и глас. Ова е едно од многуте неисполнети ветувања на новиот градоначалник кој од ден на ден ја покажува својата неспособност во раководењето со општината.

Младите аеродромци сакаат општина и градононачалник кој ќе се грижи за нив и нивните потреби, а не градоначалник на кој единствена цел му е личната промоција, и кој на аеродромската градоначалничка фотелја гледа како отскочна даска во неговата политичка кариера.