Јас сум против моќниците да го собираат кајмакот а народот да им ја плаќа сметката

  • Фејсбук статус на Саше Јанчев – советник во Општина Гевгелија од Политичката Партија Левица

Моќнициве ептен ги чепнавме во нерв во Гевгелија и Богданци во врска со ветерниците чим ги активираа и сороспиите да ги бранат.

Ние со 20 000 евра по ветерница, кои се плаќаат еднократно, не можеме само патиштата да си ги оправиме после изградбата на ветерниците, а не па друго, оти ветерниците нема да паднат од небо. Тоа ќе бидат илјадници камиони што треба да поминат со нездрави тонажи по локалните патишта. Ќе се смени цел пејсаж кај што тие ќе се градат, ќе има пробивање нови патишта, сеча на дрвја итн.

А инвеститориве кои ги активираа сороспијчињата со тој мочан еднократен надоместок од 20 000 евра добиваат право на многукратен (неограничен) профит во милиони евра.

И сороспијчињата да си одработат за грантчето сето ова го вадат од контекст и кокодакаат по Твитер и ФБ како јас сум против изградба на ветерници оти сум бил убеден дека се штетни.

Не бе сороспијчиња, јас сум против моќниците да го собираат кајмакот а народот да им ја плаќа сметката. Така не бива!

Има смисла сето тоа ама ако е државен проект за енергетска самоодржливост и евтина струја за народот. Ама ако е за милионери да си полнат џебови, не.

И поздравете ги вашите господари и кажете им дека назад им е орото.