(Видео) Јовановска: Докторот од Тетово ги прекрши законите и Уставот
- Изјава на адвокатката Катерина ЈОВАНОВСКА од Левица – Правен сектор, за Клан Македонија ТВ.
„Во текот на изминатите месеци, до Левица стигнаа реакции од граѓани во однос на работата на ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, поточно, издавањето на медицински извештаи ИСКЛУЧИВО на албански јазик од страна на доктор во оваа болница.
Поради ваквото постапување на докторот кој ја прекршил законската обврска за задолжителна употреба на македонскиот јазик, а со тоа го повредил и законското право на пациентите да бидат потполно, разбирливо и соодветно информирани за нивната состојба и резултатите од медицинската процена – #Левица поднесе Иницијатива до Секторот за управен и инспекциски надзор при Министерството за култура, како и до Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Ова претставува грубо прекршување на низа закони и повреда на правото на пациентите.“
Нашиот Правниот сектор, во соработка со Левица – Здравствен сектор и Левица – Социјален сектор поднесоа иницијатива по која се изврши инспекциски надзор на ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, за издавањето на медицински извештаи ИСКЛУЧИВО на албански јазик од страна на доктор во оваа болница.