НР Кина и Јапонија започнуваат нова епоха на економски дијалог

Кинескиот премиер Ли Џианг и неговиот јапонски колега Фумио Кишида денеска се договорија за нова рунда економски дијалог на високо ниво. Овој договор се случи во Сеул, еден ден пред нивната трилатерална средба со јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол, објави кинеската телевизија CCTV, пренесува Ројтерс.

Овие две земји, кои ги поседуваат едни од најразвиените економии во светот, поради геополитичките констелации, економската дипломатија и соработка, со децении ја имаа ставено во втор план.

Во известувањето од Ројтерс, се додава дека Ли му рекол на Кишида дека се надева оти Јапонија „ќе се справи правилно со прашањата како Тајван“. После оваа средба следува и рилатерален состанок. што ќе биде прв од ваков после 2019 година, кога таа годишна традиција престана поради пандемијата на коронавирус.

Аналитичарите тврдат дека Јужна Кореја и Јапонија сакаат подобри односи со НР Кина затоа што е нивниот најголем трговски партнер, додека таа сака со нив затоа што смета дека натамошното зајакнување на соработката со САД ќе им наштети на нејзините национални интереси.