Концерт ”Танго приказна” утре во Културно информативниот центар – Скопје

Утре 14.05.2024 година со почеток од 20:30 часот во Културно информативниот центар – Скопје- Салон 19:19 ќе се одржи концертот ”Танго приказна”.

Љубителите на извонредната уметност – музика и танц, ќе имаат можност да присуствуваат на едно неповторливо музичко искуство и концертно танго доживување. На ова магично музичко патување, посетителите ќе бидат запознаени со извонредниот музички состав “AGOGIC”, чии звуци истовремено ќе ве разнежнат и ги задоволат Вашите сетила.

Составот “AGOGIC” повеќе од 14 години го обогатува музичкиот свет со своето уметничко изведување кое ќе го почувствувате во секоја нота. Додека го слушате нивниот настап ќе може даа уживате во сценскиот настап на Владанка и Онур Мок од „Centеr 213“.