Јованов: Левица е нашето оружје
Со двајца пратеници во Собранието, Левица (и никој друг) е директно заслужна за:
Запирање на приватизацијата на брзата помош (без нив, сега ќе си ја викаа само богатите, сиромашните ќе умираа по дома).
Регулирање на цените во приватните болници за време на Ковид.
Поднесени закони и барања за апанажа на работници, укинување на апанажа за политичари, укинување на патните трошоци за пратениците, зголемување на минималната плата, намалување на платите на функционерите и ред други…
Лавовска борба против секој штетен закон кој беше против народот, а во полза на олигарси, странци и сл., толку колку што можеа со двајца.
Апсолутно и недвојбено се единствените кои ДОКАЖАА дека работат за доброто на Македонија и македонскиот народ, без никаква нанесена штета.
Не се продадоа, при низа обиди да ги корумпираат.
За револуција ни требаат многу повеќе НЕПОДМИТЛИВИ во Собранието, кои имаат кауза и идеологија која во фокусот го има човекот, а не профитот!
Ако сакаме вистински промени – сега имаме можност да тргнеме кон нив!
Број 5 и Левица се нашето оружје!
Програмата кажува како!
Пс. Мачињата на дпмне нема ли да се откажат од патни трошоци барем, ако ништо друго!?