Левица: Потребен е мораториум за национални предавства, а не за меѓупартиски препукувања
- Реакција на Политичката партија Левица
Синоќа во Скопје#Левица го одржа завршниот народен собир за првиот круг претседателски избори во другарска и борбена атмосфера. Проф. д-р Билјана Ванковска ги поздрави присутните гости, ги сумираше импресиите од првиот круг и ги постави рамките на понатамошниот курс за во вториот круг – како единствен кандидат против естаблишментот.
На собирот свои говори имаа и кандидатите за пратеници од ИЕ 1 и ИЕ 2, и тоа, Дарја Мустафаоглу која зборуваше за улогата на младите во борбата против политичката олигархија, Дарко Ристовски за македонскиот работник и неговиот интерес како водилка за политичката активност и дискурс на Партијата и Катерина Јовановска за досегашното искуство како градски советник во борбата против широката коалиција.
На крајот, претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев неизмерно им се заблагодари на скопските ограноци за макотрпната работа, но и порача дека потребен е конечен пораз на СДС, а на Мицкоски му порача дека не е потребен мораториум за напади на Левица туку мораториум за влезот на Бугарите во Уставот.