АктуелноЛокалноСтав

Ванковска: Апасиев е единствен по своите квалитети како политичар

  • Пишува: Билјана Ванковска – кандидат за претседател на Репбулика Македонија при п.п. Левица

Димитар Апасиев го познавам од неговите студентски денови, кога беше демонстратор на Правниот факултет, но и активист на Слободен индекс и неколку други социјални левичарски движења. Токму во тоа време, кога неговиот Правен факултет но и другите на УКИМ му ја заклучуваа вратата и не дозволуваа оваа студентска организација да комуницира со студентите, јас му ја отворив мојата училница. Всушност, тпгаш за првпат го чув како зборува јавно. Иако себе се сметав/сметам за добар говорник и елоквентен професор, кога го чув него – мене вилицата ми падна од изненадување! Си реков: АУУУУ! Што е ова!? Па јас вакво нешто не сум чула никогаш и никаде.

По синоќешниот митинг во Велес јас не само што сум убедена дека овој човек созреал и станал уште побрилијантен и неверојатен оратор, туку мислам дека е ЕДИНСТВЕН по своите квалитети како политичар.

Некој што толку е страствено предаден на левата идеологија и Македонија, некој кој толку длабоко ги преживува дури и сопствените мисли и зборови, кој говори од дното на срцето и душата, и кој решил на ОДИ ДО КРАЈ, без калкулации и без страв – јас на нашата сцена не сум видела сиот мој живот! Тој не само што зборува без фрази и празни зборови, туку тој ВЕРУВА во она што го кажува и ИНСПИРИРА! Едноставно не можете да зевате, да се досадувате или да не го слушате: тој ви го држи сето време на штрек и умот и срцето! Едноставно неговата верба и страст се ЗАРАЗНИ, тие се шират кај сите оние што еднаш ќе го слушнат.

Нека звучи и сентиментално, но синоќа после говорот му реков дека го сакам, повеќе од кога било порано. Тоа и го мислам. Го сакам не како политички лидер, туку како ЧОВЕК кој си ја сака Македонија, кој покренува, кој бранува, кој вознемирува, а сепак смирува – кога на крајот вели (со пораката на Рацин), ние сепак ќе победиме.

Не е ова спринт, не е ова трка на куси патеки за да се грабне фотеља – ова е подготвеност за долг маратон, и најважно од се’ – за саможртва! Оние другине се бледи, безлични, здодевни, научиле неколку фрази и финти од скапи пи-ап компании кои ги учат како да зборуваат и каков говор на телото на покажат. Но, не, не! Овде се соочувате со нешто АВТЕНТИЧНО, нешто што ретко се раѓа.

Можеби најважното од се’ во неговата долга и веројатно тежка борба што тој зад себе остава следбеници, ученици, млади кои сакаат да бидат уште подобри и уште похрабри. И таа мала „црвена армија“ (како што јас си ја нарекувам од милина) е феноменална. Ќе речете, еден е Апасиев, ама ќе згрешите – бидејќи секој од тие околу него е ЛИЧНОСТ! Различен/различна, но она што ги спојува е вербата во подобро утро и бестрашноста да се борат за него.

Еве на овој начин на Левица ѝ посакувам сигурен чекор во кампањата, која започна вчера. Сите политички опоненти (од Таче до Мицко) имаат УПЛАВ да се соочат пред камери со ваков неконвенционален и автентичен политичар израснат од народот, оној сиромашниот, вредниот и ограбениот од транзициски олигарси!