(Видео) Јованоски: ЈКП Комуналец потрошило 6000 евра за јубилејни награди и 3000 евра за такси превоз

Вчера се одржа Седница на Советот на Општина Прилеп, каде се зборуваше за трошоците направени од страна на ЈКП Комуналец. Советникот од редовите на Левица Иван Јовановски зема збор и настапи се жестоки критики кон работата на претпријатието.

Прва работа, извршни побарувања, нема увид за пресуди на овие побарувања, овде станува збор со голем прашалник. Околу 10 000 евра штета е направено од страна на одговорните лива за не исплатени обврски на вработени кои добиле правосилна пресуда. И сега се исплаќаат затезни камати. А во исто време Комуналец исплатил 6000 евра за јубилејни награди во ред, „заслужено“. (…) За иронијата да биде поголема потрошиле околу 3000 евра за такси превоз. (Целото обраќање можете да го погледнете во видеото подолу.)

Во врска со одржаната седница, од страна на Локалниот огранок на Левица во Прилеп беа забележани повеќе нерегуларности за кои излегоа со соопштение.

„Едно ново отпочнувања на ист 30-ет годишен циклус, со нова божем-поинаква мнозинска локална гарнитура, послушна и тивка, очигледно под наредба со предходно напишано сценарио за тек на седница.

Советот продолжува само фиктивно да фигурира како Совет, исто како и претходно.

СИТЕ точки, уредно приложени и образложени како ИТНИ од страна на Левица, беа неделовнички одбиени лично од претседателот на Совет. Деловникот се толкува како некому му одговара, правдата продолжува да биде селективна како претходно, така и сега.

Истите локални, јавни претпријатија се на мета на корумпирани предатори, чија клептоманија флуктуира кон „џапање” што повеќе народни пари со различни предзнаци и легални ставки за „потрошеното”.

Онаа позната народна анегдота „од државно не бива ништо” паѓа во вода.

Главен проблем во секое јавно претпријатие се неадекватните, односно некомпетентните, најчесто партиски кадри. Се издвојуваат како корумпирани поединци на високи раководни позиции, од каде директно раководат и манипулираат со нашите пари, парите на народот. Поединци, од кои очигледно, никој до сега не сносил одговорност за ништо.

Со морално исправен кадар и мудра прераспределба на средствата, многу лесно можеме буквално да го преродиме секое јавно претпријатие, да биде рентабилно, народот навремено и ефикасно да ги добива услугите, согласно према нивната наплата.

Субвенционирањето на ЈКП Комуналец од страна на Општината нема никаква лоѓика, кога и онака одржувањето на хигената во градот е сведено на минимум. Дали под намалување на работа подразбирате и намалување на бројот на вработени? – сите работи се спроведени катастрофално.“