АктуелноЛокално

Јанчев: Mакедонските народни традиции се леивичарски и слободарски, не олигархиски и поробувачки

  • Обраќањето на Сашко Јанчев на предизборниот народен собир за Претседател на Република Македонија на Билјана Ванковска во Кавадарци

Сениште кружи низ Македонија – сеништето на Левица. И сите антимакедонски еврофундаментални, сили направија сојуз за да војуваат против тоа сениште: Шпекулантите од ДПМНЕ и врховисти од СДС, нивните сателити и староновите комуњарско-северни отпадоци, необалистите од ДУИ и нивните потенцијални замени.

Бегаат од дебати, медиумски се обидуваат да не загушат, водат организирана антикампања против нас и трошат милиони евра за да ја анулираат нашата присутност во јавниот простор.

Две работа произлегува од сето ова. Првата е дека сите антинародни, антидржавни, антимакедоснки сили задоени со трулото семето на безалетернативноста ја признаваат Левица за сила, а втората е дека Левица е единствениот инструмент преку кој народот повторно ќе си ја земе Реппубликата назад во свои раце.

И како таков инструмент на следните избори нудиме реални, но радикални мерки кои опфаќаат области од  работничките права па до меѓународните односи и нова меѓународната поставеност на Македонија во новиот мултиполарен свет оти да не се лажеме, без радикален и длабински зафат во сите свери на зедничкиот живот похумано, посолидарно и подобро општество не е возможно.

Па така по овие избори од внатре во Собранието на Македонија ќе се бориме и за работничките права и за средување на економијата и земјдоделитето за ставање ред во правосудството, но и за поништување на сите штетни политики кои ги загрозија нашите национални интереси.

Така ќе го уништиме клиентелизмот и етнотрибализмот на база на кој ракот ДПМНЕ/СДС/ДУИ паразитира и метастазира на македонското ткиво. Единствен принцип за вработување во јавниот сектор ќе биде принипот најдобриот да добива работа, а единствнеа позитивна дискриминација ќе биде социјалната дискриминација кога предност би имале социјално загрозени лица.

Директно ќе ја нападнеме сиромаштијата во корен, односно во условите кои неа ја создаваат. Ќе забраниме понатамошната приватизација на јавните претпријатија кои даваат јавни услуги и ќе ја мавнеме експлоатацијата меѓу рогови со воведување задолжително формирање на работнички совети во приватни фирми со над 20 вработени и врќање на правото на претставниците на вработените да членуваат во УО на јавните претпријатија затоа што согласно Уставот и трудот е основ за управување и учество во одлучувањето во претпријатијата.

Ќе ги разбиеме монополите на приватните корпорации и мултинационални компании, ќе стимулираме задругарство и кооперативи, ќе го заштитиме домашното производство, ќе го даночиме капиталот наместо трудот, ќе рестартираме и отвораме државни профитабилни компании во секоја стратешка гранка во стопанството како што се откупни пукнтови за земјоделските и шумски производи, претпријатија за производство на автохтона храна, пијалоци и лекови, како отварање на градежни фирми кои ќе ги градат нашите патишта, автопатишта, хидроцентрали.

Ќе воведеме планско земјоделско производство засновано на експертска анализа со цел да нема хиперпродукција и дефицит на пазарот на земјоделски производи, ќе ги полниме стоковите резерви на храна со домашни прозиводи преку однапред склучени договори со земјоделците, ќе воведеме државни откупни центри и ладилници за складирање на земјоделските производи од каде ќе се снабдуваат градинките, учичиштата, болниците, армијата и мензите во јавните институции, ќе утврдиме гарантирани откупни цени, ќе дестимулираме увоз на земјоделски и сточарски производи и ќе ја сузбиеме кванташката мафија/зелена мафија која им овозможува екстра профити на прекупците и минимален приход на земјоделците, ќе воведеме аграрен максимум со цел да не се создаваат тајкуни, кулаци и велепоседници кои ќе го поседуваат целото земјоделско земјиште.

Ќе ги укинеме сите привилегии на функционерите како апанажи, патни трошоци и вишак службени возила. Ќе ги укинеме сите оние измислени функции како министри без ресор, земеници министри, национални координатори на влада, заменици директори и слични позиции кои служат само како постизборен плен на партиските бројлери и ќе воведеме императивен мандат со цел на пратениците кои решиле да се продаваат ко на сточен пазар, да гласаат спротивно од тоа што им го ветиле на граѓаните или да го преспиваат пратеничкиот мандат во собраниските фотелји да може да им се отповика мандатот.

Една од најбитнитеработи кои мора да се спречат, а се однесуваат на Кавадаречко, гевгелиско и Демиркаписко се континуираните напади од разноразни профитери на планината Кожуф. Овие профитери за свои бели дворови скаат да ни копаат црни гробови. Прво сакаа да отворат рудници на смртта на Кожуф, а сега сакаат да ги уништат реките на Кожуф со правење на најнеефикасниот но најштетен тип на хидроелектрани, а тоа се малите хидроелектрани. Ако се има предвид дека шумите на Кожуф се нашите бели дробови, водите на Кожуф се нашиот извор на живот, а плодовите кои ги дава Кожуф се наш извор на храна и здравје, нападите на Кожуф се директен напад и на нашите животи и затоа Левица предвидува одземање на издадените концесии за приватни мали хидроелектрани, забрана за понатамошно издавање на концесии и прогласување на планината Кожуф за национален парк со што Кожуф, а со тоа и нашите животи, еднаш за секогаш ќе бидат заштитени.

Другари и другарки, македонските народни традиции се леивичарски и слободарски, не олигархиски и поробувачки.

Секој што умрел за Македонија умрел за слобода.  Нашите претци во првиот Илинден се бореа за слободна македонија со широки права на сиромашното население. Во вториот Илинден се бореа да создадат и создадоа национална но социјалистичка и работничка држава, а не олигархиска држава.

Македонија во изминаите три децении водена од политички профитери кои гордо извикуваат дека за Македонја нема друга алтернатива, застранија од нашите народни традиции и не доведоа во ситуација да учествуваме во империјалистики сојузи кои уништуваат, поробуваат и експлоатираат цели народи и држави, а ние тоа дебело да го плаќаме дур нашите фабрики зграбени од олигарси наместо нови производи произведуваат стечајци, а нашите ниви наместо храна произведуваат очај.

Благодарение на нив Македонија е во казан клаена и ѓаволи играат околу неа. Крчкаат чорба со преспански, бугарски, тирански зачини за да го омекнат македонското ткиво за да може полесно да го раскубат.

Но овие домашни лажни пророци на безалтернативноста и нивните надворешни господари направија сериозен пропуст во пресметката за раскрчмување на Македонија затоа што не го предвидоа главнит продукт на нивното време, не не предвидоа нас.

И ние им порачуваме, алтернатива немаат само мртвите души, а ние сме живи како никогаш досега.  Оганот во кој не крчкате е обично пламенче во споредба со транзицискиот пожар во кој ние сме искалени оти ние сме децата на транзицијата, ние доаѓаме по своето и ние ќе ве победиме!