Цела година институциите не постапуваат по Решението за уривањето на дивоградбата на Нефи Усеини од ДУИ
Една година институциите не постапуваат по Решението за уривањето на дивоградбата на Нефи Усеини од ДУИ, порачаа од Левица.
Помина и цел месец како Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид молчи пред коалициониот другар од ДУИ за бесправно отстранетата табла на АСНОМ.
ДПМНЕ молчи во име на идната коалиција со бандитите од ДУИ, додека се уништува белегот на антифашистичкото наследство во Охрид. Го нема ниту МВР на Панче Тошковски да иницира кривичен прогон за ваквото дивјаштво и бришење на историјата на АСНОМ. Во услови кога под напад е антифашистичката историја на македонскиот народ, молчењето пред ваков чин е еднакво на колаборационизам.
А, ДПМНЕ повторно се покажа како извонреден колаборатор на балистите и врховистите!