Симонов: Економијата и младите се најлошо водени гранки во државата
- Александар Симонов – член на Президиумот на #Левица во „Зум анализа“:
-Фокусот, секако е на економијата и на младите како една од најзаборавените гранки, да кажам, или најлошо водените гранки во републиката. Младите најмногу ќе се обидеме да ги задржиме преку младински, односно образовните политики кои се клучни затоа што она што мора да се истакне е дека младите луѓе не се иселуваат исклучително само заради вработување, туку добар дел од младите луѓе се иселуваат и заради образованието.
-Тоа само покажува дека нашето образование од година во година потфрла. Еве тоа зборуваат и овие меѓународни листи кои ги рангираат универзитетите, па покажуваат за нивните резултати до каде имаат успеано со својата работа и навистина е трагична ситуацијата со самиот факт дека во Универзитетот во Љубљана се запишуваат повеќе македонски студенти отколку во некој од домашните универзитети и тоа говори за фактот дека младите се навистина способни, дека се интелигентни и дека можат многу, многу повеќе да постигнат. Но, круцијалните проблеми во нашето општество со кои би ги задржале, за жал, не се решаваат.