Продажбата на кинески автомобили во Русија зголемена за 43%

Соработката меѓу Кина и Русија во автомобилскиот сектор во моментов се зајакнува, трговијата со автомобили и делови за автомобили расте стабилно. Според статистичките податоци од кинеската царина, во 2017 година обемот на трговија со автомобилски добра (автомобили и делови) надмина 1,6 милијарди долари, со пораст од околу 30% во однос на истиот период во 2016 година.

Големите кинески производители на автомобили веќе влегоа на рускиот пазар или планираат да го сторат тоа во блиска иднина. Автомобилски компании како што се Lifan, Haval, Chang’an, Dongfeng, Geely, Chery, Brilliance China, Zotye Auto, Hawtai Motor и други активно се занимаваат со индустриски и комерцијални активности во Русија. Некои активно инвестираат во Русија, создаваат свои фабрики:  Haval гради фабрика за автомобили во регионот Тула, Lifan планира да создаде фабрика во регионот на Липецк. За кинеските производители на автомобили, рускиот пазар е голем и привлечен.

Во изминатите неколку години, поради постојано ниското ниво на цени на нафтените производи во светот, недостатокот на динамика во меѓународната трговија, флуктуациите на девизниот курс на руската рубља и низа други негативни фактори, натераа некои кинески автомобилски компании привремено престанаа да ги шират своите активности на рускиот пазар. Дополнително со појавата на пандемијата прогнозите беа дека соработката на ове две земји во автомобилската индустрија  ќе бидат значително ослабната.

Но, се случи спротивното! За време на пандемијата продажбата на кинески автомобили во Русија порасна уште повеќе – за 43% во 2020 година. Ако на самиот почеток имаше трговија само преку агенти, сега се повеќе кинески автомобилски компании претпочитаат да создадат свои оператори, кои се директно одговорни за продажбата на рускиот пазар. Динамиката на индивидуалните брендови е уште поимпресивна за кризната година – побарувачката за автомобили Chery се зголеми за 80%, а самата компанија отвори 50 нови салони за продажба во 2020 година.

Интересен е фактот дека  соработката помеѓу Русија и Кина во период на пандемијата имаше нагорна амплитуда и во многу други области. Технолошката индустрија е една од нив. Така, уделот на кинеските смартфони на рускиот пазар достигна рекордни 55 проценти. Вкупно, во Русија се продадени 17,3 милиони кинески смартфони за време на пандемијата (т.с. во 2020 г.), што е за 15 проценти повеќе од претходната година. Во  продажбата се истакнаа три кинески брендови – Honor, Xiaomi и Huawei. На крајот на јануари некои од нив најавија дека ќе започнеат со продажба на  компјутери, монитори и „паметни очила“ во Русија.