АктуелноЛокалноНастани

Ванковска: Ја предвидов војната во 2001 година

Проф. Билјана Ванковска во поткастот на Лазаров кажа дека година дена пред почетокот на војната во Македонија, таа го предвидела конфликтот и јавно говорела за тоа.

– 2000-тата година, тоа е година дена по НАТО-интервенцијата што сега се одбележува 25 години од јубилејот од тој настан, година дена подоцна сум поканета во натовскиот центар „Џорџ Маршал“, во Гармиш Партен Кирхен се наоѓа и како специјален гостин на тој ден имше предавање за Косово, „Две перспективи“.

Кандидатката за претседател на Македонија, посочи дека тогаш соговорник ѝ бил Ветон Сурои од Косово, кој во таа прилика добир награда за мир.

– Мојот соговорник беше Ветон Сурои, познат интелектуалец, новинар од Косово. Држевме предавање пред една сала полна со слушатели на тие курсеви, кои беа и воени лица и високи државни претставници, баш се сеќавам дека Антонио Милошовски прв пат таму го сретнав, ми пријде на паузада ми се претстави. И кога зборуваше мојот колега Ветон Сурои, тој се заблагодаруваше како НАТО спасувал животи на Косово и кога дојде мојот ред, јас буквално го почнав обраќањето со зборовите, кажав дека ми е мило што тој е жив и што други животи се спасени, меѓутоа благодарение на оваа интервенција кога ќе ме викнете догодина да држам предавање јас нема да можам да дојдам бидејќи војната ќе биде во Македонија. Тоа е мај месец 2000-тата.

Целото интервју погледнете го во видеото: