Пукна 1000-ка за Ванковска во Центар и во Аеродром

Од подрачните организации на Левица во Општина Центар и во Општина Аеродром, се пофалија дека успеале да соберат повеќе од 1000 потписи за претседателската кандидатка Билјана Ванковска.

Прва општина каде беше постигната оваа бројка е Битола, каде досега се собрани најголем број на потписи за кандидатурата на професорката.

Законскиот пропишан минимум на потписи е 10.000, а крајниот рок на собирање е 8 март.