Бројката на заболени од голема кашлица забрзано се зголемува
Бројот на заболени од голема кашлица во изминатите седум дена е зголемен на 17. Сите пријавени случаи се во Скопје, најголем број од болните на возраст од 10-19 години.
Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети вели дека сите 17 новозаболени се од Скопје, а со нив вкупната бројка на заболени од голема кашлица се искачи на 39. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот период.
Минатата недела, заклучно со 8 февруари, Институтот за јавно здравје имаше регистрирано вкупно 22 случаи на заболени од голема кашлица.
Најмногу заболени има Скопје – 33 (84,6%), 3 заболени лица има во Куманово, 2 во Гостивар и 1 во Боговиње, Тетово.