АктуелноЛокално

Изложба на резби од копаничарите од ЗЗН “Стари занаети” во Неготино

На 13 февруари 2024 година (вторник) со почеток од 18 часот во Изложбен салон на Музеј на град Неготино ќе се одржи традиционално одбележување на Св.Трифун во 2024 година со отварање на изложбата на резби од копаничарите од ЗЗН “Стари занаети” од  Неготино.

Копаничарството како занает отсекогаш било израз на врвна уметност изработена од рацете на обичниот човек кој на парчето дрво успеал да му даде убавина, живот, практична намена. Старите занаети се потврда за нашето историско траење, материјалната култура, уметничките вредности. Тие се уште живеат, се негуваат во ателјето на
Здружението на Занаети од Неготино ЗЗН “Стари занаети“, кое е дом на еснафите, место на кое опстојува резбата предочена во уметност.

Копаничарите од Здружението “Стари занаети“ од Неготино спаѓаат во новата генерација на резбари на оваа територија кои што покажуваат доблесно ниво на творечка амбиција, висок степен на креативна енергија, упорност и трпеливост во остварувањата на своите композиции и замисли. Реално кажано оваа генерација има големи познавања од областа на резбарството, го познава патот на тајните на резбарската уметност и на тој начин ги остварува своите имагинации и фантазии во обликувањето на дрвото.