АктуелноИнтервју

(Видео) Ванковска: Етнизацијата е погубна за сите

Професорката Билјана Ванковска во вчерашното издание на Ред Каст изјави дека етнизацијата е дефинитивно погубна за сите во Македонија.

Етнизацијата е дефинитивно погубна, ама за сите во Македонија. Не зборувам како Македонка. Ова е самоубиство и на малдите Албанци, Турци, Роми, а јас ги имам во клупите. Но не во доволен мешовит број, бидејќи и универзитетите се поделија.

Етнизацијата според професорката Ванковска е колективно самоубиство на сите без разлика на етничката припадност.

Затоа велам кога зборуваме за етнизацијата тоа е како самоубиство да си вршиме, колективно самоубиство. Овде не зборуваме вашите против нашите, па ајде да си вратиме нешто што некој ни зел. Не! Ние мораме да градиме општество засновано на квалите наместо на квантитет и да ги мобилизираме и користиме овие млади умни луѓе без разлика по пат на конкурс и точка.

Професорката Ванковска нагласи дека мораме да градиме оштество засновано на квалитет наместо на квантитет, како би дошле младите умни луѓе до израз за да не „бегаат“ во странство.