АктуелноИнтернационалноОгледало

Муамер ал Гадафи за историската важност на нацијата

Подолу ќе бидат изнесени забелешки, односно, сумирани огледи на основачот на Социјалистичката Народна Либиска Арапска Џамахиријана, Муамер ал Гадафи, за значењето на нацијата во историскиот развиток на општеството и државата, изнесени во неговото дело „Зелена книга“, во третото поглавје со наслов „Општествени темели“. 

Гадафи, нацијата ја гледа како фаза на социјалниот развиток на општеството, односно, како што на почетокот на ова поглавје од неговото дело, тој забележува дека нацијата како социјален фактор е двигател на историјата на човештвото. Нацијата, подвлекува Гадафи, е општествена врска која ги повзува заедниците на човештвото; секоја посебно, од семејството преку племето до групите народи, како основа на историскиот развиток на социјалниот поредок.

Муамер ал Гадафи

Врската помеѓу поединецот и заедницата е општествена врска, а националноста е општествен однос како врска помеѓу поединецот и заедницата од каде и извира општественоста како социјален фактор во склоп на заедницата како таква, како држава-нација. 

Историските движења секогаш се масовни, односно заеднички движења како прогрес на заедницата низ историјата, и тие се секогаш свртени према самите себе со цел обезбедување самосталност и независност од другите, смета Гадафи. Движењата на заедниците во историјата секогаш тежнееле кон самосталност, односно, еманципација и ослободување на заедниците кои се потиснати и обесправени од други заедништва (империјални, племенски и слично). Ваквите движења секогаш имаат заеднички потреби а не поединечни, и нивното исполнување налага заеднички акции, забележува Гадафи. Националната борба е основа на движењето на историјата и како таква таа е посилна од било кој општесвен чинител на една заедница. Нацијата, вели Гадафи, чии народни заедници пропаѓаат е изложена на исчезнување, и ова е еден од основните политички проблеми на државата. Секоја заедница се бори за своето национално единство, затоа што тоа од тоа зависи нејзиниот опстанок. Монолитноста на нацијата претставува основа за нејзиниот опстанок. 

Фидел Кастро и Муамер ал Гадафи

Нацијата, Гадафи ја смета како политички заштитник на индивидуата, како надопштествена и надплеменска заштита на нејзините припадници. Заедничкото потекло и судбинското припадништво иако претставуваат историска основа на секоја нација, сепак, нацијата не е само потеклото, таа покрај се највеќе е збир на човековите историски наслаги од наследеното, кои наведуваат група луѓе да живеат на иста територија, да создаваат заедничка историја и заедничка бавча, и заеднички да се соочуваат со единствена иста судбина. Затоа нацијата, вели Гадафи, без разлика на крвното потекло и единство, на крајот на краиштата, таа претставува припадништво и судбина. 

За Гадафи не е спорно дека нацијата е социјална форма која се темели на националноста, и нациите во светот се социјални форми кои се темелат на човечноста; на хуманоста, на цивилизацијата. Тие (нациите) според тоа се политичка форма која ја дефинира државата и ја обликува нејзината судбина на светската политичка карта. 

Слики од историскиот говор на Муамер ал Гадафи во ОН

За Гадафи структурата на државата не е социјална структура како што е случај со семесјтвото, племето или етникумот, туку државата е политичка структура која се создава благодарение на бројни фактори од кои прв и наједноставен е нацијата. Оттука, за Гадафи националната држава претставува единствена политичка структура која постои се додека не се соочи со тиранијата на други, од нејзе помоќни нации, или доколку нејзината политичка структура како држава потклекне и подложи на влијание на структурата од сопствените племиња, фамилии и семејтвото, затоа што таквата политичка структура се распаѓа доколку биде покорена на социјалната структура на одредено племе, семејство или секта. 

Занемерувањето на националната врска во чвековите заедници и градење на политички системи во спротивност со социјалната состојба, само е привремена форма која ќе пропадне под дејство на социјалните превирања во тие заедници.