Левица донираше компјутери за деца од социјално ранливи категории
- Соопштене на Левица – Социјален сектор
Левица преку Левица – Социјален сектор се приклучи кон акцијата “Донирај компјутер”.
За таа намена членовите донираа користени компјутери, лаптопи, тастатури и друга ИТ опрема, кои денес координаторката на Социјалниот сектор на Левица – Катерина Јовановска ги донираше во најблиската продавница на Нептун, кои потоа ги дистрибуираат до Борче Стаменов, кој потоа ги адаптира и ги доставува до дечињата на кои што им се потребни.
Се надеваме дека барем малку помогнавме и дека ќе успееме да израдуваме некое детенце повеќе.