Уште една успешна акција за пошумување на Левица, овој пат во Демир Хисар

  • Реакција на Левица – ЛО Демир Хисар

Утрово, наши членови, симпатизери и добронамерници, успешно ја реализираа акцијата за пошумување на локација над с. Прибилци.

Во нашата прва акција беа засадени над 100 садници на багремово дрво а нашата цел е ова да стане традиција со засадување на многу повеќе садници на годишно ниво низ Општина Демир Хисар.

Локалниот огранок на Левица – Деми Хисар, со оваа акција но и со многу други наши реакции, иницијативи, предлози и критики изминативе години, постави нови стандарди за партиски локален активизам кој нашите противници од ДПНЕ и СДС го практикуваат исклучиво во облик на лепење плакати пред избори.

Клиентелисти, вака се работи!