Вучиќ: Целта на меѓународната заедница е да ја принуди Србија да признае независноста на Косово
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека на Србија и претстојат тешки недели и месеци, бидејќи целта на меѓународната заедница е да ја принуди Србија, на овој или оној начин, ставајќи ја во одредена правна рамка, да ја признае независност на Косово, што, како што рече, нема да го направи, јави дописникот на МИА од Белград.
Затоа ги ставија Албанците под санкции кои не се толку сериозни и со тоа всушност ја уценуваат Србија бидејќи имаме што да изгубиме – изјави Вучиќ.
Вучиќ посочи дека Србија постојано се соочува не само со двојни стандарди, туку и со бескрупулно лицемерно однесување. Тој костатираше дека КФОР и НАТО селективно ги почитуваат одредбите на резолуцијата 1244 и тоа само оние кои се однесуваат на обврските на Србија.
КФОР и НАТО со право се повикуваат на резолуцијата 1244 и тие го црпат својот мандат од тој документ, но кога ќе ги прашате за други норми од истата резолуција, тие ни велат – не гледајте во минатото, туку во иднината – рече тој.
„Ние, кои не сме доволно големи, мора да се навикнеме на тоа“, додаде Вучиќ. Српскиот Претседател додаде дека цел на одредени земји, алудирајчи на САД, е да се направи до толкав притисок врз Србија, што земјата ќе биде принудена да ја признае независноста на Косово.
Ќе има многу важни разговори, секој ни е важен, но нивната суштинска цел е да не принудат, на овој или оној начин, да не стават во правната рамка, на еден или друг начин да ја признаеме независноста на Косово – истакна Вучиќ.
Вучиќ посочи дека ставот на Србија што не сака да му дозволи на Косово да влезе во ОН носи одредени последици.