АктуелноИнтернационално

САД ќе им „помогне“ на Палестинците со давање „помали“ бомби на Израелците

За време на состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Американскиот државен секретар Антони Блинкен инсистираше Израел да ги намали цивилните жртви со употреба на „помали бомби “, објави Њујорк Тајмс.

Израелските одбранбени сили користеа бомби од американско производство со тежина од 900 килграми при бомбардирање на палестинските кампови каде што само во еден напад загинаа најмалку 195 Палестинци а повеќе од 400 се ранети, повеќето жени и деца.

Според Политико, официјални лица го повикале Израел да користи и „прецизно таргетирање“ и „похируршки“ пристап со цел да се избегне непотребна штета на цивилите во иднина. САД се надеваат дека со испраќање помали бомби од 115 килограми ќе се намали колатералната штета. 

Согласно ова Администрацијата на претседателот Џо Бајден го извести американскиот Конгрес дека планира да даде прецизни бомби во вредност од 320 милиони долари на Израел, изјави за Reuters во понеделникот извор запознаен со планот. 

Претходно Обединетите нации соопштија дека Газа станува „детска гробница“ , интензивирајќи ги повиците за прекин на огнот, бидејќи палестинските здравствени власти соопштија дека бројот на загинати од израелските напади надмина 10.000.

„Копнените операции на израелските одбранбени сили и континуираното бомбардирање ги погодуваат цивилите, болниците, бегалските кампови, џамиите, црквите и објектите на ООН – вклучително и засолништата. Никој повеќе не е безбеден.