(Видео) Јанески: Кујната од Владата ќе ја преселиме во студентските домови
Дел од гостувањето на раководителот на Црвена Младина – Марио Јанески во вчерашната епизода на Тешки муабети.
Јанески во вчерашната епизода на Тешки муабети меѓудругото се осврна и на младите, студентите и актуелните проблеми и за какви младински политики и реформи се залага Левица.
Конкретно за младите, кога ќе дојде Левица на власт, прво што ќе направи е кујната од владата ќе ја премести во студентските домови! И студентите да јадат малку бифтек, а Маричиќ ќе јади паштета и таквите како него.
Јанески додаде дека Левица се залага за бесплатно образование и превоз, да нема плаќање партиципација во високото образование, за зголемување на стипендиите, награди за најистакнатите студенти и ученици, укинување приватните универзитети, универзитетите во државата да се ограничат само на четири (Битола, Штип, Тетово, Скопје), да нема дисперзирани студии итн…
Според него треба да се инвестира во културниот и спортскиот живот на младите, треба да се инвестира во музеи, библиотеки, театри, кина и спортска инфраструктура. Треба да има попусти за ученици и студенти за посета на вакви културни институции. Богатиот културен и спортски живот на младите е предуслов за правилен напредок и развој.
Се залагаме и за реформирање на студентското репрезентирање по примерот на студентскиот пленум каде секој студент ќе има застапеност, да има колективно одлучување, да знаат студентите дека имаат свои претставници во студентските тела кои се борат за нив итн…