(Видео) Крмов: Дали Владата ќе ја поддржи предлогот на Левица за лицата со дијабетес
(*Контра-реплика на пратеникот Борислав КРМОВ кон заменик-министерката за здравство, Маја Манолева. Манолева на седницата за пратенички прашања манипулираше дека нема проблеми со набавката на лекови за лицата со дијабетес.)
„Лековите ги немаше ДЕВЕТ МЕСЕЦИ, единаесет месеци! Кое е тоа оправдување дека ги има?! Ги има неколку дена и потоа пак снемува. И инсулин нема повремено, а тој е ГАРАНТИРАН со закон. Не верувам дека овие луѓе лажат – повремено немаат инсулин, повремено нема ништо.
Велите имало инсулински пумпи? Можеби имало, ама на приватно. Ние зборуваме да станат ЗАКОНСКА КАТЕГОРИЈА, како што предложивме ние – вие да сте обврзани да им ги набавувате, значи да бидат ставени на позитивна листа во Фондот, а не пациентите да ги плаќаат приватно прескапо.
Јас Ве ПРАШУВАМ дали Вие сте спремни за модернизација, да го поддржите законот кој го предлага Левица, за третманот на дијабетесот да стане законска категорија и да биде обврзувачки за Владата?”